Русија и додели помош од две милјарди долари на Белорусија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ќе и обезбеди на Белорусија две милијарди долари заеми следната година. Путин го соопштил ова по вчерашниот состанокот со белорускиот колега Александар Лукашенко. По разговорите меѓу двајцата лидери, официјални претставници од Русија и Белорусија потпишаа договори за воено-техничка соработка и информациска безбедност .

Минатата недела Русија објави дека ќе и додели 15 милијарди долари на Украина преку купување на должнички обврзници издадени од земјата, која е на работ на банкрот и е во рецесија повеќе од една година.

Москва веќе му даде три милијарди долари на Киев и и’ претстои да ги исплати останатите 12 милијарди во 2014 година.