Русија и ЕУ ќе разговараат за украинскиот долг за гас

Рускиот министер за енергетика Александар Новак и европскиот комесар за енергетика Гинтер Етингер постигнале прелиминарен договор за трилатералните разговори во Варшава, на 2 мај за решавање на проблемот со украинскиот долг за гасот кон Русија.

Двете страни договориле состанок во главниот град на Полска, а Украина подоцна ќе го потврди своето учество.

Во меѓувреме вршителот на должноста украинскиот премиер Арсеник Јацењук вети дека ќе го отплати долгот од 2,2 милијарди долари за рускиот гас ако „Гаспром“ ја врати цената на ниво од првиот квартал во 2014 година, 268,5 долари за 1000 кубни метри.

Тој изјави дека Украина ќе го тужи „Гаспром“, ако одбие да ја спушти цената.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.