Русија и Иран потпишаа довор за воена соработка

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и иранскиот министер за одбрана, бригадниот генерал Хосеин Дехган потпишаа во Техеран денеска спогодба за воена соработка меѓу двете земји, јави ТАСС, пренесе МИА.

Шојгу по потпишувањето констатираше дека изминатите години руско-иранските врски во сферата на одбраната постојано се развиваат и оти сегашната спогодба создава „теоретска основа за зајакнување на соработката во воениот сектор“.

Тој прецизираше дека во преговорите било разговарано за поширока размена на делегации, подготовка на воени кадри, како и размена на искуства за мировни мисии и во борбата против тероризмот.

Тие се договориле и да ја прошират праксата на посета на воени бродови во пристаништа на Русија и Иран.

ФОТО: ТАСС