Свет

Русија и’ одговори на ЕК околу „Јужен поток“

Русија и’ одговори на ЕК околу „Јужен поток“

Русија и’ испрати одговор на Европската Комисија околу нејзиното барање за гасоводот „Јужен поток“, изјавил рускиот заменик министер за енергетика,  Анатолиј Јановски, пренесуваат руските медиуми.

Меѓутоа, тој не прецизирал што содржи одговорот, пренесува Итар Тасс.

„Писмото е испратено и сега чекаме да биде закажан состанок“, вели заменик министерот.

Како што претходно објави Итар – тасс, повикувајќи се на информации од Јановски, министерството за енергетика на Русија на петти декември добило официјален допис од ЕК за неопходна ревизија на договорите склучени со земјите низ кои минува гасоводот „Јужен поток“.

ЕК смета дека билатералните договори за „Јужен поток“ склучени со низа европски земји, Австраија, Бугарија, Унгарија, Грција, Словенија, Хрватска и Србија, ги кршат законите на Европската Унија. ЕК очекува тие да се ревидираат.