Спорт

Русија и Полска меѓусебно ќе одлучуваат за полуфинале на СП во одбојка

Русија и Полска меѓусебно ќе одлучуваат за полуфинале на СП во одбојка

Во последното денешно коло во Групата Х во Лоѓ, ќе се сретнат домаќинот Полска и Русија, додека во групата Г Франција – Иран.

Во Групата Г, за пласман во полуфиналето на Русија и е неопходна победа од 3-0 или 3-1, а на Полска два освоени сета и гарантираат борба за медалите.

На Иранците пак за пласман во полуфиналето им е неопходна максимална победа притоа не смеат да им препуштат на Французите повеќе од 57 поени, за да во тој случај им се приклучат на Германците во полуфиналето. Од друга страна на Франција и е доволен и еден сет за да се најде во полуфиналето.

Репрезентациите на Бразил и на Германија обезбедија пласман во полуфиналето на Светското првенство во Полска.

Бразилците во Лоѓ, во второто коло од Х групата во третата натпреварувачка фаза славеа против Русија со максимални 3-0, додека Германија во Катовице победи против Иран исто така со 3-0 што им донесе позиции за финалната фаза од турнирот.