Русија и САД разменија остри закани во ОН поради Сирија

Русија и САД разменија во понеделникот во Обединетите нации остри закани откако рускиот амбасадор во светската организација го предупреди Вашингтон на „несогледливи последици“ доколку ја нападне Сирија, а американската амбасадорка возврати дека „рацете на Москва се извалкани со крвта на сириските деца“, а претходно во понеделникот сириската влада објави дека започнала нови преговори за нова евакуација на бунтовниците од градот Дума.

Итната седница на Советот за безбедност при ОН беше свикана поради наводниот напад со хемиско оружје врз градот Дума во Сирија минатиот викенд, кој е последното упориште на џихадистичката групација Џаиш ал-Ислам во близина на покраината на главниот град Дамаск, и во кој од минатата седмица се извлекоа повеќе десетици борци во договор со сириската влада, а во градот продреа владините сили. Во овој наводен напад, според последните медиумски извештаи од разни неформални организации кои се поддржувани од западните земји, загинале 49 лица.

Западните сили ја обвинуваат сириската влада и нејзините сојузници Русија и Иран кои негираат дека таков напад воопшто се случил.

„Немало никакво напад. Низ постојните канали за комуникација веќе им пренесовме на САД дека употребата на воена сила, под лажен изговор, против Сирија каде што на барање на легитимната сириска влада се распоредени руски војници, може да доведе до несогледливи последици“, истакна рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, кој бараше дискусијата да биде отворена за јавноста.

Небензиа додаде дека иследниците на агенцијата за хемиско оружје при ОН треба итно да одлетаат во Сирија, и ја понуди заштитата на руските сили и сириските власти. Вакво барање Русија истакна и во Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) во Хаг, но Велика Британија се спротистави на оваа понуда.

Американската амбасадорка Ники Хејли, пак, истакна дека САД ќе „одговорат на смртоносниот хемиски напад“ во Сирија, без разлика дали Советот за безбедност при ОН ќе реагира или не.

„Дојдовме до точката во која светот мора да види дека правдата е задоволен,. Овој момент ќе остане запаметен во историјата во кој Советот за безбедност или ја исполнил својата должност или покажал немоќ и не го заштитил сирискиот народ. Како и да е, САД, ќе одговорат“, истакна Хејли.

Високиот претставник на ОН за човекови права претходно ги прекори членките на Советот за безбедност дека не сториле ништо освен „јалови осуди на нападот“.

„Некои многу моќни земји директно се вклучени во судирот во Сирија, а сепак целосно потфрлија во запирање на ова злокобно враќање во времето кога хемиското оружје можеше слободно да се користи“, изјави во писмена изјава Зеид Ра’ад ал-Хусеин.

„Почнувајќи од 2013 година ‘хемискиот серијал’ продолжуваат да ни го демонстрираат на раков начин што секоја нова епизода ја прекрива со својот одек претходната“, изјави во своето излагање претходно рускиот амбасадор Небензиа.

Според него „странските спонзори во лицето на водечките западни сили кои беа подготвен (да се фатат) за секаква сламка за да го спасат дури и најмалото жариште на терористичкиот отпор на оддалеченост за дострел до сириската престолнина, за да можат терористите и натаму да ги тероризираат обичните луѓе, да им ја земаат храната и да преки нив да добијат хуманитарна помош од меѓународната заедница“.

„На 6-ти април новите водачи на групата Џаиш ал-Ислам, по поттик од нивните покровители ја попречуваа евакуацијата на четвртиот дел од бунтовниците од Дума и ги обновија ракетните напади врз станбените населби во Дамаск. Според официјалните податоци загинаа 8 цивили, а уште 37 цивили се ранети. За жал, не гледаме изјави од западните престолнина коишто го осудуваат ова бомбардирање на историскиот дел од Дамаск“, изјави Небензиа на состанокот на Советот за безбедност при ОН.

Веќе следниот ден, продолжи рускиот амбасадор, „милитантите ги обвинија сириските власт за фрлање на буриња бомби со отровни хемикалии, се измешаа верзии и притоа, де станува збор за хлор, за сарин, де за мешавина од отровни гасови“.

Небензиа оцени дека шпекулациите веднаш биле раширени од ткн „Бели шлемови“, наводно хуманитарна волонтерска организација, којашто е „финансирана од западните престолнини“ и дејствува „под лажното преставување како спасувачи“.

„Не помалку овие соопштенија оперативно беа преземани од медиумите. Неопходно е уште еднаш да се каже дека многу од овие сомнителни опозициски структури имаат прецизна листа од електронски адреси на претставниците на членките на Советот за безбедност при ОН. Од што произлегува, дека некои наши колеги неодговорно се однесуваат кон нивниот статус, ги рашируваат чувствителните информации до нивните штитеници“, истакна Небензиа.