Русија и САД започнаа нова „Студена војна“

Последниот советски претседател, Михаил Горбачов смета дека Русија и САД започнале нова „Студена војна“, која може да прерасне во вооружен конфликт.

– Америка се загуби во длабочините на џунглата и не повлече со себе, изјави Горбачов.

Творецот на „гласноста“ и „перстројаката“ нагласи дека во сегашните услови никој со сигурност не може да каже дека „новата Студена војна“ нема да прерасне во вистински вооружен конфликт.