Русија и Саудиска Арабија ја договорија испораката на оружје

Како резултат на посетата и разговорите во Москва на саудискиот крал Салман бен Абдел Азис Али Сауд, Русија потпиша редица значајни договори за испорака на оружје, изјави во понеделникот за новинарите во Москва, заменикот генерален директор на државната компанија „Рособоронекспорт“, Сергеј Гореславски.

Притоа, како што пренесува агенцијата РИА, Гореславски не ги прецизирал деталите од постигнатите договори.

Претходно портпаролката на руската Федерална служба за воено-техничка соработка, Марија Воробјова, изјави дека Русија и Саудиска Арабија постигнале договори за испораки на ракетните системи за противвоздушна одбрана С-400. Ракетните системи Корнет-ЕМ, системите ТОС-1А, автоматските монофрлачки системи АГС-30 и автомати „Калашников“ АК-103.

Покрај тоа, „Рособороноекспорт“ и Саудиската воено-индустриска компанија SAMI потпишале договор за разместувањето во блискоисточната монархија на лиценцираното производство на автопатските пушки АК-103 и муниција за ова оружје.

Познатиот руски воен експерт Игор Коротченко толкува дела договорот со Москва ва изпорака навооружување претставува политичка одлука на Ријад кој „во решавањето на своите воено-политички задачи сега не се ориентира само на Вашингтон, туку во значителна мерка и на Москва“.

САД се главниот снабдувач со оружје на оваа сунутска монархија каде што се практикува ригидниото вехабистичко толкување на исламот, и тоа од борбените авиони „F-15“до командни и контролни системи коишто чинат и по десетици милијарди евра.

Кон средината на мај годинава при престојот на американскиот претседател Доналд Трамп во саудиската престолнина Ријад, беше потпишан договор за продажба на оружје на Саудиска Арабија од близу 110 милијарди долари, во опрема и услуги „кои ќе осигурат долгорочна заштита на саудиските и заливските области против заканите од Иран“.

Според медиумскитенаписи, компанијата „Lockheed Martin Co“ на Саудијците ќе им испорача пакет кој го вклучува напредниот одбранбен ракетен систем THAAD. САД и Саудиска Арабија преговаратаат и за испорака на системот за борбена команда и комуникација C2BMC, како и за пакет сателитски капацитети, исто така, производ на „Lockheed Martin Co“. Во понудата е вклучен и пакет борбени бродови и пропратни услуги и резерви во износ од 11,5 милијарди долари, кој уште во 2015 година го одобри Стејт департментот.

Во пакетот оружје за Саудијците е муницијата во износ од милијарда долари, којашто вклучува противоклопни проектили „Penetrator Warheadse“ и ласерски бомби „Paveway“ на компанијата „Raytheon Co“. Администрацијата на демократот Барак Обама ја откажа оваа продажба поради загриженоста на саудиската воена операција во Јемен, а службеник од сегашната администрација на републиканецот Доналд Трамп открил дека таа продажба сé уште е предмет на меѓуагенциски проверки во САД.