Русија и се закани на Данска: Ќе станете легитмна мета ако поставите НАТО штит

Русија повторно предизвика низа реакции според својата реторика за Балтикот. Овој пат ја предупред Данска дека нејзините бродови ќе бидат „легитимна мета“ поради можниот нуклеарен напад доколку државата се вклучи во НАТО одбранбениот штит.

„Не сум сигурен дека Данците во целост ги разбираат последиците, но доколку Данска се придружи на одбранбениот штит кој е под американско водство, нивните воени бродови ќе бидат легитимна мета на руските нуклеарни проектили“, изјави амбасадорот на Русија во Данска, Михаил Вањин за тамошниот весник „Jyllands-Posten“, а е цитиран од страна на британскиот „Дејли Телеграф“.

„Данска во тој случај ќе стане закана за Русија. Ќе има помалку мир, а односите меѓу двете земји ќе тапкаат во место. Секако, одлуката е на вас, само сакам да ве потсетам дека вашите финансии и безбедност ќе трпат поради тоа. Истовремено, Русија има проектили кои сосема сигурно можат да го пробијат идниот одбранбен систем“, додава тој.

pentagon-salje-pojacanja-na-baltik-f-16-u-akciji-1394051864-456625

Не на баш дипломатска канонада рускиот димпломат остро му реагирал на данскиот министер за надворешни работи Мартин Лидегард, кој настапот на амбасадорот го оцени како „неприфатлив“.

„Ако навистина тоа го изјавил, тогаш тоа е неприфатливо. Русија добро знае дека НАТО системот на одбранбени проектили не е усмерен кон Русија. Со Русија се разидуваме по многу прашања, но и соработуваме, на пример на Арктикот и важно е да не дојде до ескалација меѓу нас“, додава данскиот шеф на дипломатијата.

Изјавата на Вањин инаку пристигнала не толку долго откако данската војска го објавила извештајот за блиските средби со руските воени летала во данскиот воздушен простор. Во извештајот се наведува дека данските воени авиони се кренале во воздух 58 пати во текот на 2014 година за да ги избркаат Русите, што е за двапати повеќе од 2012 година.

bugarska-raketni-stit-nato-1328585176-33573

Руските воени авиони притоа имаат навика да го исклучуваат транспортерот кога му се доближуваат на Балтикот што се смета за опасен маневр и за цивилната авијација, а истовремено овозможува да се идентификува леталото само ако друг авион му се приближи и со сопствени очи ги види ознаките.

Исто така, изјавата на Вањин стигнува осум месеци откако Данска најави свое вклучување во НАТО одбранбениот систем. Копенхаген вети дека ќе се инсталираат спрецијални радарски системи на една или повеќе места на својата територија.

Сепак, данскиот министер за одбрана Николаи Вамен во последно време се труди да се смири со Москва па во повеќе наврати објаснуваше дека потезите на Копенхаген не се усмерени кон Русија, туку против „одметнатите држави, терористички организации и останати кои се во состојба да лансираат проектили кон Европа и САД“.

spanija-antiraketni-stit-nato-1328585176-106447

Покрај тоа, рускиот амбасадор е уверен дека НАТО настојува неговата држава да се опколи.

„Данска е мала држава со мала војска. ОК, вие сте дел од НАТО, но многу мал дел. На Москва нема многу да и се допадне вашето вклучување во системот за одбрана, како што ни нам не ни се допаѓаат истите овие потези од другите држави“, вели амбасадорот.

„Не можам да замислам враќање на времето на Судената војна, но има некои кои сметаат дека НАТО се доближува кон руската граница и да ја засилува својата позиција. Тоа во Русија створа чувство на несигурност“, додава тој.

Вањин подоцна рекол дека Балтикот одненадеж се претворил во еден од најмалку предвидливите делови во светот.