Свет

Русија и Украина ги приближија ставовите околу конвојот

Русија и Украина ги приближија ставовите околу конвојот

Русија и Украина ги приближија ставовите околу пропуштањето на хуманитарната помош преку украинската граница, тие постигнаа договор за начинот на кој ќе се провери содржината во возилата.

Паскал Кутат, од Меѓународниот комитет на Црвениот крст, изјави дека руските и украинските власти неколку часа разговарале на украинско-руската граница, на околу 200 километри до Доњецк.

Кутат во изјавата прецизираше дека сеуште нема гаранција за безбедноста на лицата од Црвениот крст и оние кои го следат конвојот кој сеуште се наоѓа на руската страна на границата.