Русија и во иднина ќе помага да се реши кризата во Украина

Москва ја почитува волјата на жителите од југоисточниот дел на Украина и е подготвена и во иднина да помогне во решавање на кризата во таа земја, соопшти руското Министерство за надворешни работи, пренесе МИА.

– Изборите во Доњецк и Луганск поминаа целосно организирани и со голема излезност. Ја почитуваме волјата на жителите од југоисточниот дел на Украина, се наведува во соопштението.

Според руското МНР, „избраните претставници добиле мандат да ги решаваат практичните задачи за воспоставување нормален живот во регионот“.

– Имајќи ги предвид одржаните избори, многу е важно да се преземат активни чекори за дијалог меѓу централните украински власти и претставниците на Донбас согласно договорот од Минск, се додава во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.