Русија им забрани на 25.000 Украинци да влезат во земјата

Русијаим забрани на 25.000 Украинци да влезат во земјата, пренесоа „УНИАН“, повикувајќи се на информации од страна на шефот на Федералната миграциска служба на Русија, Константин Ромодановски.

„Бројот на украинските граѓани, на кои им е забрането да влегуваат во Русија само за последниот месец се зголеми за 5.000 и достигна 25.000 лица“, изјавил Ромодановски.

Оваа година руските власти им забранија на вкупно 427.000 странци да престојуваат на територијата на земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.