Свет

Русија испорача помош за борба против ебола во пет африкански држави

Русија испорача помош за борба против ебола во пет африкански држави

Транспортен авион на руската компанија „Волга-Дњепар“ испорача во пет африкански држави помош за борба против епидемијата на ебола, објави МИА.

Станува збор за пет контејнери со по 18 тони заштитни и други средства, изјави по телефон член на екипажот на авионот од Абиџан, јави ТАСС.

Руската помош е испорачана во пет африкански дражави ДР Конго, Гана, Мали, Гвинеја-Бисао и Брегот на Слоновата Коска.

Товарот е доставен во согласност со препораките на Советот за безбедност на ОН.