Русија испрати оклопни возила во Сирија за транспорт на хемиско оружје

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, го информирал претседателот на земјата, Владимир Путин, дека наредбата за обезбедување на опрема за превезувањето и уништувањето на хемиското оружје на Сирија е извршена, пренесе „РИА Новости“.

Шојгу соопшти дека за три дена, од 18 до 20 декември, до аеродромот во Латакија биле извршени 38 летови, преку кои биле обезбедени 75 единици автомобилска техника, од кои 50 камиони „Камаз“ и 25 оклопни возила „Урал“, како и цистерни со вода, теренски кујни, војнички шатори за услуги на целиот контингент, кој ќе биде вклучен при транспортот и уништувањето на хемиското оружје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.