Русија ја блокирала предлог резолуција на ОН за осуда на Северна Кореја

(© AP Photo/Mary Altaffer)

Русија стави вето на предлог резолуција, поднесена во средата ноќта по локално њујоршко време од САД во Советот за безбедност на ОН, со која се осудува последното ракетно тестирање на Северна Кореја, јавија агенциите, но руската дипломатија искажа зачуденост од извештаите за вето, образложувајќи дека станува збор за несогласување на делови од текстот.

Американскиот предлог содржи барање Пјонгјанг да се воздржи од нови нуклеарни проби, по неуспешното лансирање на ракета во неделата.

Според дипломати од Советот за безбедност при светската органиација, Русија побарала текстот да се дополни со делови од претходна декларација, односно дека е неопходно да се најде решение преку дијалог. Некои дипломати биле изненадени од одлуката на Русија да ја блокира резолуцијата, кој била поддржана и од Кина, којашто се смета за единствениот сојузник на Северна Кореја.

Руската мисија при ОН појасни, пак, дека изјавата на Советот за безбедност со којашто се осудува севернокорејското тестирање на пероектили од 15 март поради бришењето на делот од текстот со кој се повикува решавање на ситуацијата на Корејскиот полуостров преку разговори.

Посебно, од стандардниот текст беа отстранети зборовите ’преку дијалог’ ((through dialogue) во однос на изнаоѓањето на решение за ситуацијата на Корејскиот полуостров. Како што е познато, тие зборови се цитат од точката 48 од последната резолуција на СБ на ОНН 2321 за санкциите во однос на Северна Кореја, едногласно донесена во Советот за безбедност во 2016 година…“, се вели меѓу другото во изјавата на постојаната мисија на Руската Федерација при ОН.

Во предлог резолуцијата членовите на Советот изразуваат „огромна загриженост од дестабилизирачкото однесување“ на Северна Кореја и повторно се заканија со „соодветни мерки“ против режимот во Пјонгјанг.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс во средата ја предупреди Северна Кореја да не ја става на искушение решителноста на вооружените сили на САД, бидејќи ќе добие „поразителен и ефективен одговор“ на секоја употреба на конвенционално или нуклеарно оружје. Тој го нарече Пјонгјанг „најопасна и неодложна закана во регионот“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.