Магазин

Сателитот „Метеор-М“ не влезе во целната орбита Русија ја лансираше втората ракета од новиот космодром Васточни

Русија ја лансираше втората ракета од новиот космодром Васточни

Русија ја лансираше во вторникот втората ракета „Сојуз 2.1б“ од новиот космодром Васточни, отворен во април 2016 година на рускиот Далечен исток, со чиешто градење се сака да се намали зависноста од космодромот Бајконур во Казахстан.

Ракетата чоешто лансирање директно беше пренесувано на телевизијата, полета според предвидениот распоред точно во 14,41 часот по локално време.

Во вселената ги понесе сателитот „Метеор-М“ кој е дизајниран за собирање информации коишто се користат за временска прогноза. Покрај него, лансирани се и 18 корисни товари кои им припаѓаат на институции или компании од Канада, САД, Јапонија, Германија, Шведска и Норвешка.

„Сите почетни фази на летот на ракетаа се одвиваа според предвидувањата“, објави руската вселенска агенција Роскосмос во соопштение. Малку подоцна државната корпорација објави дека сателитот „Метеор-М“ не е присутен во целената орбита и оти нема врски со него.

„Во текот на првото планирано поврзување со космичкиот апарат, не бевме во можност да воспоставиме комуникација, што се должи не неговото отсуство во целната орбита. Се врши анализа на ситуацијата“, соопшти Роскосмос.

Од агенцијата прецизираат дека „како резултат на работата на ракетата носач ’Сојуз 2.1б’ главниот блог во составот на леталото и вселенсиот уред беа лансирани во средната орбита“.

Според извори од ракетно-вселенската индустрија, потисниот блок „Фрегат“ можно е да експлодирал по првото вклучување на моторот „Првото вклучување на моторот на потисниот блој ’Фрегат’ се случило, но уште не е јасно дали завршило или не. Во овој момент не е јасно што се случило. Потисниот блок можеби не ја довршил првата фаза или експлодирал“, рекол соговорник на агенцијата ТАСС.

Претходно извор на агенцијата РИА сугерирал дека на вселенското летало можеби се случила непредвидена ситуација меѓу одделувањето на третата фаза од ракетата и првото вклучувње на моторот. Во тој случај главниот блок можеби веќе паднал во областа на Антарктикот.

Првото лансирање од Васточни (Восточни) беше изведено на 28-ми април 2016 година, кога полета ракетата „Сојуз 2.1а“, во присуство на рускиот претседател Владимир Путин. Тоа претставуваше успех за овој космодром кој многу ја чинеше Русија, но со него се намалуваат трошоците за одржување и изнајмување на легендарната база Бајконур во Казахстан и се одбележи ренесансата на вселенската индустрија. Третото лансирање од овој космодром предвидено е за 22-ри декември 2017 година.