Русија ја нападна ИСИС? (ВИДЕО)

Русија почна воена интервенција врз ИСИС и подршката на силите на претседателот Асад во Сирија, објави државната телевизија во Дамаск и неколку други извори, пренесува британски Телеграф.

Снимките наводно прикажуваат руски војници и оклопни возила во борба против бунтовниците во Латакија, а според британските медиуми на снимките може да се слушне дека војниците зборуваат руски.

За „директната воена интервенција“ на Русија во Сирија прв јави израелскиот портал Инет, повикувајќи се на западни дипломатски извори, но веста подоцна ја демантираше Раша тудеј, цитирајќи високорангиран извор од руската војска.

Путин: Рано е да се зборува за воена интервенција на Русија против ИД

Наспроти информациите за рускиот напад врз ИД, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е многу е рано да се зборува за воена интервенција на Русија во Сирија.

На прашањето за евентуално вклучување на Русија во војна против ИД, Путин одговори дека се разгледуваат разни варијанти, но дека тоа не е во програмата.

Премногу е рано да се каже дали сме подготвени да го направиме тоа. Обезбедуваме сериозна помош за Сирија во форма на воена опрема и обука на војници, како и вооружување, изјави Путин на маргините на економски форум во Владивосток.

Рускиот претседател не даде повеќе детали за нивото и условите во кои се прави воената обука, ниту пак дали во Сирија има руски воени инструктори.

Путин нагласи дека американските воздушни напади врз позиции на радикалната исламистичка група не се особено ефикасни.