Русија ја поддржува Северна Кореја за аферата со „Интервју“

Русија и понуди поддршка на Северна Кореја поради аферата за упад во системот на компанијата „Сони“, затоа што според нив филмот „Интервју“ е скандалозен, па поради тоа е разбирлив и гневот на Пјонгјанг.

Ова го соопштил портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Александар Лукашевиќ.

Тој додаде дека Вашингтон не успеал да понуди каков било доказ за тврдењето дека Пјонгјанг е вмешан во хакерската афера и дека американските закани за одмазда се контапродуктивни и опасни.