Русија ја предаде предлог резолуцијата за борба против ИД

Русија ја предаде предлог резолуцијата за борба против ИД за заeдничките напори во борбата против тероризмот.

Русија ги повика земјите што се борат против Исламска држава да ја преиспитаат нивната кратковидна политика за одбивањето да и се придружат на Русија и почнат со конструктивна работа врз нацрт резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, изјави рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин на седницата на СБ, пренесува Танјуг.

Чуркин рече дека заканата од ИД е неподнослива, додавајќи дека се потребни колективни напори за да се ликвидира таа закана, врз основа на нормите и начелата на меѓународното право и одредбите на Повелбата на ОН. Притоа тој повика да се остават настрана сите неважни политички разлики, со цел да се реши таа итна задача.

Чуркин ги негираше обвинувањата од страна на американската амбасадорка во ОН Саманта Пауерс дека руската воена операција во Сирија ја влоши хуманитарната ситуација во земјата и дека нејзината улога е во корист на ИД, затоа што наводно руските воздушни сили бомбардирале цивилна инфраструктура и групите што се борат против исламистите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.