Свет

Русија, Казахстан и Белорусија формираат економска унија

Русија, Казахстан и Белорусија формираат економска унија

Претседателите на Русија, Казахстан и на Белорусија – Владимир Путин, Нурсултан Назарбаев и Александар Лукашенко – во главниот град на Казахстан, Астана, потпишаа историски договор за основање Евроазиска економска унија. ЕАЕУ ќе почне да функционира на 1 јануари 2015 година, пишува „Руска реч“.
До 2025 година трите страни би требало да формираат единствен пазар на нафта и на гас.