Русија ќе го продолжи „Турски поток“ само со дозвола од ЕУ

русија

Коментирајќи ги односите на Русија со Западот, Лавров рече дека не гледа напредок и покрај напорите на неговата земја да ги активира разговорите и ја повика Европската унија да започне дијалог со Евроазиската економска унија, истакнувајќи дека при градење на овие односи мора да бидат земени предвид интересите на секоја држава.

Во врска со Украина, Лавров рече дека Русија го спроведува договорот од Минск и очекува и Киев да го стори истото, додавајќи дека мора да се гарантираат правата на руското население во регионите на Луганск и Доњецк.

За Сирија, рускиот дипломат се прашува зошто Западот не прави разлика меѓу умерената сириска опозиција и борците на фронтот Ал Нусра , како што е предвидено во резолуциите на ОН.

– Некои луѓе не сакаат да направат разлика меѓу умерена опозиција и борците на Ал Нусра. Ние секогаш ги одржуваме нашите зборови, тоа е традиција на нашата дипломатија, изјави тој.

Коментирајќи ги претстојните избори во САД, Лавров рече дека како и што најави шефот на руската држава Владимир Путин, Русија ќе води дијалог со Вашингтон, независно од тоа кој ќе биде избран за американски претседател.