Русија ќе изведе вежба за цивилна заштита на 40. милионско население

Министерот за вонредни ситуации Владимир Пучков изјави дека вчера почнала четиридневна вежба, чија цел е да се „зголеми нивото на ефикасноста на Владата во решавање на последици од вонредни ситуации од широки размери“.

Некои аналитичари ја поврзуваат вежбата со зајакнување на тензиите во односите меѓу Русија и САД околу Сирија и со други прашања.