Свет

Русија ќе почне со освојување на Месечината

Русија ќе почне со освојување на Месечината

Роскосмос бара шест до осум професионални космонаути, кои ќе бидат пилоти на новиот вселенски брод „Федерација“ и ќе работат на Меѓународната вселенска станица.

Кандидатите можат да се пријават во текот на следните четири месеци и нема да има дискриминација врз основа на бојата на кожата или полот, изјави претставникот на Роскосмос, Сергеј Кријалев.

Според него, кандидатите мора да имаат повеќе од 35 години, висина од 1,50 до 1,90 метри и тежина која не надминува 90 килограми.

Неопходно е познавање на информатика, англиски јазик и искуство во воздухопловството и воздухопловната индустрија. Русија планира првите летови за Месечината да ги реализира до 2031 година.