Русија ќе и’ прости на Турција, ако Анкара ја преземе одговорноста за соборувањето на авионот

Русија со указ воведува економски санкции кон Турција
Русија со указ воведува економски санкции кон Турција

Русија е подготвена да воспостави норамелни односи со Турција доколку Анкара ја прифати вината за соборувањето на рускиот борбен авион во ноември во Сирија. Ова го посочи портпаролката на Советот на Федерацијата Валентина Матвијенко, пренесува „Раша Тудеј“.

Накратко кажано односите меѓу Русија и Турција би можеле да бидат многу подобри, рече Матвијенко која што претседава со Горниот дом на рускиот парламент и во моментов е еден од највлијателните претставници на Русија.

valentina-matvijanenko

Како што знаете Русија неможе да биде обвинувана за заладување на односите. Подготвени сме да ги одмрзнеме односите под услов ако турските власти преземат одговорност за соборувањето на рускиот бомбардер над Сирија, рече таа.

Таа исто така посочи дека Турција е единствената земја што продолжува да ги блокира Курдите за учеството во мировните преговори за Сирија во Женева. Таа рече дека таквата позиција е против резолуцијата на ОН за поддршка на Сирија и исто така ја попречува соработката на сите сили што се борат против меѓунаросниот тероризам.