Русија ќе свика итен состанок на Советот за безбедност на ОН

Рускиот претседател Владимир Путин силно го осуди нападот врз Сирија. Агенцијата „Тасс“ извести дека Путин изјавил дека сегашната ескалација околу Сирија ќе има разорувачко влијание околу целиот систем на меѓународни односи

Според рускиот претседател, воздушните напади врз Сирија се „акт на агресија“ и рече дека Русија ќе свика итен состанок на Советот за безбедност на ОН за да разговара за „агресивните акции на САД и нивните сојузници“.

-Русија на „најсериозен начин го осудува нападот врз Сирија, каде што руските војници ѝ помагаат на легитимната влада во борбата со тероризмот“, се вели во соопштението пренесено од руските новински агенции.

Нападот предводен од САД ќе ја „влоши хуманитарната катастрофа во Сирија“, рече Путин и додаде дека нападот ќе „доведе до страдање на мирното население, всушност, ќе ги поттикне терористите што го мачеа сирискиот народ седум години и предизвикаа нов бран бегалци“ од земјата.

-Нападот „ќе има деструктивен ефект врз целиот систем на меѓународни односи, рече Путин.

Путин, исто така, го повтори руското инсистирање дека земјата не нашла никакви докази за напад со хемиско оружје во предградието на Дамаск Дума, што доведе до денешните воздушни напади.

-Руските воени експерти на местото на наводниот инцидент не најдоа никакви знаци на употреба на хлор или други отровни супстанции. Ниту еден локален жител не го потврди фактот за хемиски напад, рече Путин.

Путин во соопштението ја напаѓа коалицијата предводена од САД и дека го спровела нападот „без да ги чека резултатите од истрагата“ на мисијата за утврдување факти на експерти од Организацијата за забрана на хемиското оружје.