Русија ќе чека да се формира новата украинска Влада, за да ја даде договорената помош

Русија ќе го почека формирањето на новата Влада во Украина, за да се увери дека може да ги спроведе договорите кои беа потпишани во декември, за давањето помош во износ од 15 милијарди долари за Киев, пренесе „АФП“.

За време на работна средба рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва ќе го почека формирањето на новиот украински кабинет. За време на разговорите, рускиот премиер Дмитриј Медведев исто така нагласи дека договорите може да бидат приложени дури откако ќе биде познат и прифатен составот на новата Влада.