Свет

Русија ќе донесе заштитни мерки против ЕУ, Украина, Молдавија и Грузија

Русија ќе донесе заштитни мерки против ЕУ, Украина, Молдавија и Грузија

Русија планира да донесе заштитни мерки и ќе покаже дека договорот за придружување, кој  треба  да го потпишат Европската Унија и Украина, Молдавија и Грузија, е штетен за нејзината економија.

„Секако дека ќе донесеме заштитни мерки кои ќе бидат во потполна согласност со правилата на Светската трговска банка“ изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

Украина, Молдавија и Грузија, утре треба да го потпишат договорот за придружување во ЕУ, што не и оди во прилог на Москва.

Новата проевропска украинска власт во март го потпиша политичкиот дел од тој договор, а економскиот треба да биде во петок.

Во јули е предвидено да се одржат трилатерални разговори меѓу ЕУ, Киев и Москва за условите имплементирани во документот.