Русија ќе гради нуклеарни централи во Индонезија

Се финализираат договорите за изградба на нуклеарни електрични централи на руската агенција РОСАТОМ во Индонезија.

Руските нуклеарни капацитети, според проценките во Џакарта, се најдобра солуција за решавање на зголемените потреби на електрична енергија на стопанството и граѓаните на 250 милионската Индонезија за која сега недостигот на електрична енергија е сериозен проблем во економскиот развој.

Индонезиските власти дваесеина години бараат партнери за изградба на нуклеарни централи за производство на електрична енергија. Најсериозни кандидати за влез со технологија и капитал беа производители на опрема од САД и Северна Кореја. Се проценува дека во следните десет години на Индонезија, за исполнување на развојните планови, секоја година ќе и бидат потребни нови електрични централи со снага од  7 до 10.000 мегавати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.