Свет

Русија ќе и помага на Украина дури и да се смени власта

Русија ќе и помага на Украина дури и да се смени власта

Москва изјави дека аранжманите со Киев ќе останат во сила дури и во случај дека на власт дојде опозицијата, пишува „Взглјад“.

Владимир Путин одржа во Брисел средба со шефовите на Европската унија, на која главна тема беше ситуацијата во Украина.

Порано западните печатени медиуми објавија дека Москва може да ги преиспита условите за помош на Киев ако падне владата на Микола Азаров. Но Путин ги демантираше овие тврдења и вети и натаму дека ќе помага на украинскиот народ во секој случај, без оглед која политичка партија е на власт.