Русија ќе ја продолжи испораката на гас во Украина

Испораките на руски гас во Украина ќе бидат обновени кога Киев оваа недела ќе го отплати првиот дел од долгот на „Гаспром“, изјави директорот на рускиот гасен гигант Алексеј Милер.

Неговата изјава дојде откако Русија, Украина и ЕУ постигнаа договор за продолжување на испораките на руски гас за Украина и ЕУ.

Овој договор донесе олеснување на Европа, која се плашеше дека и оваа зима ќе мине како во 2008 година, кога поради гасниот спор меѓу Киев и Москва, Русија го затвори протекот на гасот наменет за Европа преку Украина.