Русија ќе ја следи внимателно украинската иницијатива во однос на рускиот јазик

Русија ќе ја следи судбината на законот за националните јазици во Украина, истакнал Константин Долгов, офицер за човекови права, овластен од Министерството за надворешни работи на земјата, пренесе „РИА Новости“.

Синоќа агенција УНН соопшти дека пратениците од Врховната Рада започнале разработка на нов закон за националните јазици, во кој украинскиот ќе биде утврден како единствен државен јазик.