Русија ќе одлучува за Крим на 21 март

Државната дума во Русија има намера да го разгледа законот за пристапување на Крим кон Руската Федерација, поднесен од пратеници од партијата „Правед на Русија“, пренесе „РИА Новости“.

Законот ги одредува правилата за пристапување на нови територии кон составот на федерацијата.

Еден од предлозите во текстот гласи дека ако нема можност за склучување на меѓународен договор, поради недостаток на ефикасна суверена власт во соодветната земја, усвојувањето на нови територии да се изведува преку референдум меѓу населението на територијата земјата која има желба да биде присоединета кон Русија.