Русија ќе помогне во спасувачката операција во Франција

Руското министерство за вонредни ситуации е подготвено да помогне во спасувачката операција на местото на несреќата на авионот Ербас А-320 на француските Алпи, изјави денеска портпаролот на министерството, пишува МИА.

Портпаролот истакна дека тим од 50 искусни спасувачи е подготвен да замине за Франција.

– Тие учествуваа во операција за спасување во случајот со малезискиот Боинг МХ370 во Јаванското Море и рускиот „Сухој суперџет“ во планините во Индонезија, нагласи портпаролот, јави ТАСС.

Авион Ербас А-320 кој летал од Барселона до Дизелдорф се урна денеска во планинскиот дел во Јужна Франција.

Германската авиокомпанија „Џерман вингс“, која е нискобуџетна филијала на „Луфтханза“, соопшти дека во авионот имало 150 лица, меѓу кои 144 патници и шест членови на екипажот.