Русија ќе потроши 4,5 милијарди евра за развој на нови оружја

Во текот на оваа година Русија ќе поторши 290 милијарди рубљи (речиси 4,5 милијарди евра) за развој на нови оружја, најави рускиот заменик-министер за одбрана Јуриј Борисов.

– Тие средства ќе бидат наменети за истражување и развој на напредни оружја и опрема, изјави Борисов.

Според украинската агенција Укринформ, Борисов нагласил дека обемот на руски трошоци за потребите на одбраната во 2015 година ќе достигне речиси две билијарди рубљи (30 милијарди евра).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.