Русија ќе штеди и на стадионите за Мундијалот

Руската влада одлучи да заштеди средства со намалување на увозот на материјали потребни за изградба на пет стадиони за Светското првенство 2018 година.

Од почетокот на годината, рубљата загуби една третина од вредноста во однос на доларот. Според тоа, увозните материјали потребни за изградба на стадионите, се многу поскапи отколку што беше планирано.

Владата на Русија поради тоа издаде налог да се променат договорите околу јавните набавки за пет нови стадиони.

Промените предвидуваат увозните да се заменат со домашни материјали, и да се поедностави дизајнот на дел од стадионите.

Поради еконномската криза, Русија претходно донесе одлука да гради помал број на хотели кои ќе бидат наменети за Мундијалот во 2018 година.