Русија: Правиме компромисен текст за резолуцијата за Сребреница

Русија: Правиме компромисен текст за резолуцијата за Сребреница

Заменикот министер на надворешни работи на Русија, Генадиј Гатилов, излавил дека Русија и останатите членки на Советот а безбедност на ОН се обидуваат да најдат компромисен текст за резолуцијата за Сребреница, пишува српскиот портал „Б 92“.

„Од почетокот сакавме со резолуцијата да се изрази поддршка на Дејтонскиот процес. Да се враќаш одпочеток на целата таа приказна и да се одредува кој е виновен за геноцид, и вината да се става врз цел еден народ, конкретно Србите, сметаме дека е непродуктивно“, рекол Гатилов.

Во меѓувреме, претставниците на Велика Британија и Соединетите Американски држави упатиле на руската делегација во Советот за безбдност на ОН седми предлог за нацрт текстот за резолуцијата за Сребреница.

Станува збор за преработени делови на шестиот предлог за резолуцијата околу кој вчера немало согласност, па седницата на ова тело на ОН е по третпат одложена.

За новиот нацрт предлог Советот за безбедност ќе одлучува денеска.