Русија може да им возврати на САД за новите санкции, ЕУ стравува за загрозување на енергетската безбедност

Русија предупреди дека е многу блиску да им возврати на САД откако американскиот Претставнички дом ги поддржа новиот круг санкции против Москва, додека Европската унија соопшти едека овој потег на Вашингтон може да ја загрози нејзината енергеска безбедност, и оти исто така е подготвена да дејствува.

Долниот дом на американскиот Конгрес со големо мнозинство изгласа наметнување нови санкции против Русија присилувајќи го претседателот Доналд Трамп да побара одобрување од Конгресот пред да ги ублажи кои и да се санкции против Москва.

„Ова е многу тажна вест за руско-американските односи. Станува збор за многу непријателски чин“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Рускиот претседател Владимир Путин ќе одлучи дали и на кој начин Москва ќе возврати кога новите санкции ќе станат закон, додаде Песков, додека истовремено заменикот руски министер за надворешни работи предупреди дека овој потег на Вашингтон ги носи билатералните односи во несигурни води, уништувајќи ја секоја надеж за нивно подобрување во скора иднина.

Санкциите сега треба да ги прифатат Сенатот и претседателот Доналд Трамп. Претседателот на Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат, Боб Коркер изјави дека пратениците речиси постигнале договор со кој во Сенатот би се отворил патот за изгласување закон со кој би им се наметнале нови санкции на Русија и на Иран. Коркер изјави за новинарите дека дговорот би можел да биде постигнат многу брзо, како и дека Сенатот би можел да го изгласа законот за неколку дена.

Американските сакции предизвикаа реакција во Русија поради некои тврдења дека нејзината економија, коајшто е подложена на санкциите наметнати уште од 2014 година поради украинската криза, сега потешко ќе остварува раст. Странските инвеститори веќе беа одвратени од првите санкции, а по нивното страмежливо враќање сега би можело да ги одложи за уште некое време нивните вложувања.

Европската унија е загрижена дека новиот американски потег може да претставува пречка за нивните големи компании кои работат со Русија, и да го загрози нејзиното снабдување со енергенси.

Москва, која решително ги отфрла сите тврдења дека е вмешана во американските претседателски избори во 2016 година, и тоа во полза на републиканскиот кандидат Доналд Трамп, обвинување кое го поттикна Претставничкиот дом да ги изгласа санкциите, бара докази за ваквите обвинувања. Највисоките руски дипломати повеќепати изјавуваа дека Вашингтон е зафатен од „антируска хистерија“ и дека тоа е потег кој „ги одразува состојбите“ на американската политичка сцена бидејќи е против најавената политика на Трамп за затоплување на односите со Русија коишто се на најниското ниво од крајот на идеолошката Студена војна.

Москва новите санкции ги нарече „екстремен непријателски чекор“ кој ќе ги загрози билтералните врски и меѓународната трговија, меѓутоа, како што порача Песков, ќе почекаат санкциите да станат закон пред да дејствуваат. Заменикот на шефот на руската дипломатија Сергеј Рјабков изјави дека руско-американски односи сега влегуваат во „непозната териорија и во политика и во дипломатска смисла“. Многу руски политичари се убедени дека политичките противници на Трамп и Конгресот на американскиот претседател не му оставиле многу простор за маневрирање во односите со Русија, како и дека нема што да загубат доколку возвратат на овој потег.

Европската унија најави дека е подготвена да реагира за неколку дена. Во Брисел претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави дека ЕУ е подготвена да реагра многу брзо, доколку почувствува дека новите американски санкции ја загрозуваа нејзината енергетска безбедност. Брисел стравува дека новите санцкии може да им наштетат на европски компании и плановите за снабдување со нафта и гас од кои е зависна Унијата.

„Американскиот закон би можел да предизвика ненамерни еднострани ефекти кој ќе влијаат на европските интереси во сферата на енергетската безбедност“, соопшти Јункер по состанокот на Европската унија.

Дел од законот кој се однесува на Русија вклучува голем дијапазон санкци и воспоставува механизан со кој Трамп, или кој и да е друг американски претседател, би го спречил да ги ублажи санкциите кон Москва без дозвола од Конгресот. Неколку одредби се насочени на руската енергетска индустрија и воспоставува нови ограничувања за американските вложувања. На американските компании им се забранува да учествуваат во какви и да се истражувачки проекти во сферата на енергијата во коишто руските компании имаат удел од 33 отсто или повеќе. Законот вклучува и санкции за странски компани кои вложуваат или помагаат во руските истражувања на енергентите, иако претседателот би можел да ги отстрани таквите санкции

„ЕУ во потполност е доследен до санкциите према Русија“, изјави Јункер додавајќи дека ЕУ во својата загриженост ја пренесува „преку сите дипломатски канали“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.