Русија може да прогласи банкрот на Украина, доколку Киев не го исплати долгот кон неа

Русија може да прогласи банкрот на Украина, доколку Киев не го исплати долгот кон неа
Русија може да прогласи банкрот на Украина, доколку Киев не го исплати долгот кон неа

Доколку Украина не и ги исплати на Русија обврзниците во износ од три милијарди долари, Москва ќе може да прогласи банкрот на Киев, изјави украинската министерка за финансии Наталија Јареско, јав ТАСС.

– Доколку не го извршиме плаќањето, одговорот е да. Сепак сметам дека е рано да мислиме што ќе правиме ние, а што тие. Тоа би било шпекулација од наша и од нивна страна. Се подготвуваме за секакво сценарио, рече министерката за финансии на Украина, Наталија Јареско.

Таа нагласи дека Киев не може да го изврши тоа плаќање.

– Не, не можеме да го извршиме плаќањето. Според програмата на Меѓународниот монетарен фонд имаме строго определени параметри за тоа какви средства можеме да отпуштаме за што било, од буџетскиот дефицит до исплаќањето на долгот, рече Јареско.

Таа изјави дека е подготвена да се сретне со рускиот министер за финансии и со него да го преразгледа преструктурирањето на долгот на Украина кон Русија.

– Подготвена сум повторно да се сретнам со рускиот министер за финансии. Ми кажаа дека тие би сакале да не поканат на уште една таква средба по самитот на Г-20 во Анталија и подготвена сум за отворен дијалог, рече Јареско.