Русија му ја продолжи дозволата за престој на Сноуден

Поранешниот соработник на Агенцијата за национална безбедност на САД (НСА), Едвард Сноуден доби дозвола за престој во Русија за уште две години, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

– Дозволата за престој на Сноуден во Русија беше продолжена за уште две години, напиша на својот профил на Фејсбук, Захарова.

Сноуден избега од САД и побара азил во Русија, откако откри масовно следење на комуникации во неговата родна земја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.