Русија му забрани влез на Крим на татарскиот лидер

Русија на лидерот на татарската заедница од Крим, Рефат Чубаров, му го забранила доаѓањето на овој полуостров, кој го припои во март.

Чубаров, лидерот на татарското собрание кое го поддржува Киев, во неделата рекол дека му е блокиран влезот на Крим и дека му е врачен официјален документ со кој му се забранува да дојде на таа руска територија до 2019 година, пренела АФП.

Претходно е забранет влез во регионот за уште еден водач на татарскотот малцинство, украинскиот пратеник Мустафи Џемилев.

Москва во март го припоила дотогаш украинскиот Крим, после спорниот референдум на кој, како што навеле прориските власти, скоро 97 отсто од гласачите одлучиле за одвојување од Украина и припојување кон Русија.

На крим живеат 300.000 муслимански Татари кои сочинуваат околу 12 отсто од населението на овој полустров. Тие воглавном го бојкотираа гласањето и соочени се со се поголеми потешкотии од доаѓањето на руските власти.