Русија на Иран му го испорача ракетниот систем С-300

Русија на Иран му го испорача ракетниот систем С-300
Русија на Иран му го испорача ракетниот систем С-300

Русија на Иран му ја испорача првата пратка  од своите ракетни одбрамбени системи С-300, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Хосеин Џабер Ансари.

-Првата пратка од руски ракетни системи С-300 пристигна во Иран, рече Ансари за иранската агенција ТАСНИМ, а пренесе руски ТАСС.

Тој додаде дека испораката била изведена преку Касписко Море, на кое излегуваат и Русија и Иран.

Договорот меѓу Москва и Техеран за испораката на С-300 беше потпишан во далечната 2007 година, но Русија го  имаше суспендирано под притисок на САД и Израел.

Откако Западот го обвини Техеран дека тајно работи на својота нуклеарна програма, руските власти соопштија дека испораката на овие ракетни системи ќе ја дестабилизира регионалната безбедност.

Договорот беше обновен минатата година, откако Иран и шесте светски сили ја потпишаа клучната нуклеарна спогодба

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.