Русија на Крим го распореди вториот ракетен систем С-400

Русија во саботата на црноморскиот полуостров Крим го распореди новиот ракетен систем С-400, по извештаите за неколку блиски прелети и одлуката на САД да ја вооружи Украина со офанзивно оружје, известуваат во саботата руските новински агенции.

САД во декември објавија дека секаат да ја осигурат Украина со „зајакнати одбранбени капацитети“, но во Киев бараат и велат дека станува збор за офанзивно оружје, а според некои функционери во вооружувањето се вклучени и противтенковските проектили „Џавелин“.

Во саботата руските медиуми јавија и дека украинските снајперисти отвориле оган врз цели во отцепените рускојазични региони во Донбас. Москва претходно предупредуваше дека ваквата одлука на Вашингтон ќе ги подгрее воинствените амбиции во Киев и оти може да доведе до повторно разгорување на судирите на украинскиот југоисток.

Првиот противракетен систем С-400 Русија на Крим го распореди во пролетта 2017 година, кај пристаништето Федозија. Новиот систем ќе биде базиран во близина на Севастопол и ќе го контролира воздушниот простор над границата со Украина, пренесува агенцијата РИА:

Системот, чијашто цел е заштитата на руските граници, може да стане борбен за помалку од пет минути, коментира командантот на руските воздушни сили, Виктор Севостјанов. Овие ракетни системи може да соборат воздушни цели во радиус од 400 километри, а балистички проектили во радиус 60 километри. Може истовремено да соборат 80 цели гаѓајќи ја секоја со по два проектила. Во рускиот воен арсенал се воведени од 2007 година, наведува руското министерство за одбрана.

Од 2015 година руската армија добила 16 полкови вооружени со системните С-400, или со официјален назив „Триумф“, а во текот на оваа 2018 година во нејзиното вооружување ќе влезат уште десет дивизи со овој модернизиран противракетен систем.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.