Русија не ги сака украинските слатки

Руската федерална служба за заштита на потрошувачите од денеска забрани увоз на сите кондиторски производи од Украина.

Претходно беше соопштено дека е забранет увоз на повеќето украински проиозводи од марката „Конти“.

Оваа забрана е воведена поради заштита на потрошувачите, соопштуваат од руската служба, а пренесува Итар-тас.

Русија на 6 август забрани увоз на овошје, зеленчук, млечни производи и месо од земјите на Европската Унија на една година, како одговор на санкциите кои Западот ги воведе за Москва по повод кризата во Украина.

Оваа мерка која ја воведе Русија, може да ја чини ЕУ по 5 милијарди евра годнишно, а се наведува дека овој податок е впишан и во интерниот документ на Европската Комисија кој е презентиран во Брисел прред два дена.

Големите извозници, како Полска и Холандија, веќе го чувствуваат влијанието на ембаргото, а ЕК пробува да најде начин за да ја амортизира штетата која ја чувствуваат земјоделците и да пронајде нови пазари за нивните производи.