Свет

Русија нема да го намали производството на нафта

Русија нема да го намали производството на нафта

Производството на нафта во Русија можеби природно ќе опадне но, Москва нема план да го намали производството во координација со ОПЕК и покрај цената на нафтата која падна на најниско ниво во последните пет години.

-Ако цената на нафтата долгорочно се задржи на 50 долари за барел, секако дека некои проекти ќе станат помалку атрактивни, поради што ќе следи и благ пад на производството. Меѓутоа, ние нема да го намалиме производството намерно, изјаво потпретседателот на руската влада Аркадиј Дворкович, на маргините на Светскиот економски форум во Давос, пренесува Б92.

Според него, Русија би можела да изгуби до 10 отсто од производството, но најмногу до 300- 400 илјади барели дневно, затоа што нема основи за поголем пад.

Тој вели дека најголема опасност од пониските цени на нафтата и санкциите е слабеењето на домашната побарувачка.

Тој напоменува дека Русија може да ги намали трошоците во сите области освен во областа на социјалната заштита. Истакнал, исто така дека нема потреба за намалување на воениот буџет, затоа што е важно „руската војска да остане ефикасна, добро опремена и модерна“.