Русија нема да се противи на влегувањето на САД во „нормандиската четворка“

сад

– Рускиот официјален став е дека, ние немаме ништо против привлекувањето кого било, вклучително и нашите американски партнери. Русија не тежнее кон доминација и не претставува глобална закана, како што тоа некои држави сакаат да го претстават, изјави рукиот претседател.

Во врска со „Нормандиска четворка“, формирана со цел решавање на конфликтот во Украина, тој рече дека дискусиите во таа група се одвиваат со потешкотии и слаба ефикасност, но и дека други опции не постојат, јави Танјуг.

Групата составена од Русија, Франција, Германија и Украина, е предвидено повторно да се состане.