Русија нема да учествува во копнена операција во Сирија, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за американските телевизии Си-Би-Ес и Пи-Би-Ес.
Русија нема да учествува во никакви воени операции на територијата на Сирија или во други држави, засега не планираме такво нешто, рече Путин.
Сирискиот проблем може да биде решен само со поддршка на сегашните законски државни структури, со тоа што ќе им пружиме помош во борбата против тероризмот и истовремено да се поттикнат на позитивен дијалог со здравиот дел од опозицијата и кон политички промени, додаде рускиот претседател.
Путин нагласи дека активностите на Русија во Сирија се во насока на задржување на власт на претседателот Башар ал Асад.
Тој истакна дека е длабоко уверен оти ако се дејствува во друга насока, односно во насока на разурнување на легитимните структури на власта, ќе се создаде ситуација, која е веќе видлива во други земји, на пример во Либија.
Слична ситуација имаме и во Ирак, додаде рускиот претседател, кој им порача на сите оние кои бараат повлекување на Асад, тоа барање да го испратат со сирискиот народ.