Русија нема да учествува во копнени операции во Сирија

Русија нема да учествува во копнени операции во Сирија
Русија нема да учествува во копнени операции во Сирија

Русија нема да учествува во копнени операции од каков било вид во Сирија, а Москва е подготвена да соработува со сите држави заинтересирани за уништување на терористичката група Исламска држава (ИД), изјави претседателката на Горниот дом на рускиот Парламент, Советот на федерацијата, Валентина Матвијенко.

Нема да учествуваме во копнени операции од кој било вид, а подготвени сме да соработуваме со сите земји во заедничките напори против глобалното зло – тероризмот, истакна Матвијенко, по состанокот со претседателот на јорданскиот Совет на Парламентот, Абделрауф ал Равабдех.

Матвијенко потсети дека Русија, Ирак, Сирија и Иран формираа коoрдинативен центар, наведувајќи дека е „невозможно да води борба против ИД и да се уништи без соработка“.

 

Почитајте повеќе:

ФОТО: „Паметното“ оружје што Русија го употребува во Сирија

Пентагон и’ се закани на Русија за нејзината акција во Сирија