Русија нема против „Турски тек“ да влезе во Бугарија

Русија нема ништо против да има втора точка за влез на гас од Русија преку „Турски тек“ за Бугарија, изјави
бугарскиот премиер Бојко Борисов по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.

Борисов прецизира дека допрва ќе се водат преговори за количеството гас и како да се транспортира во
земјите во регионот.

Врз основа на тоа количество руски гас, кој во моментов влегува на територијата на Русија преку Украина за Бугарија, кога ќе се додаде и гасот од „Турскиот тек“, ќе изнесува околу 35 милијарди кубни метри, проценува Борисов.

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека првиот гасовод на „Турски тек“ е целосно подготвен на дното на Црно Море, додека од вториот остануваат околу 200 километри да се изградат на територијата на Турција. Сепак, тој ја потврди можноста „Турскиот тек“ да влезе на територијата на Бугарија