Русија од денеска претседава со Советот за безбедност на ОН

Русија од денеска започнува да претседава со Советот за безбедност на Обединетите Нации. Таа своето претседателство го презема од Јужна Кореја, а на први јули ќе и го препушти на Руанда.

Рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин во Њујорк истакна дека распоредот за овој месец на Советот за безбедност ќе биде интензивен со многу случувања.

Чуркин додаде дека се планирани состаноци во врска со Авганистан, ситуацијата во Африка, како за Мали, Брегот на Слоновата Коска, областа Сахара, Судан и Јужен Судан, пренесува ИТАР-ТАСС.

Иако Советот на безбедност не планирал одвоени средба за проблемот на Украина, Чуркин не ја отфрлил можноста за евентуален состанок по тоа прашање.

Чуркин истакна дека Русија во текот на своето претседателствување ќе ја задржи конструктивната соработка со другите членки на Советот за безбедност и дека ќе бара компромисни решенија за секое прашање.

Советот за безбедност на ОН е составен од 15 членки од кои само пет, Велика Британија, Кина, Русија, Франција и САД имаат право на вето.