Свет

Русија одмрзнува две милијарди долари помош за Украина

Русија одмрзнува две милијарди долари помош за Украина

Русија неделава ќе уплати две милијарди долари од пакетот за помош на Украина. Запрашан за наредната транша пакет од 15 милијарди долари, министерот за финансии Антон Силуанов за руската агенција одговори „Оваа недела, две милијарди“.

Русија издвои пакет помош за Украина во декември, но во јануари соопшти дека ја стопира исплатата додека не се расчистат политичките превирања во таа земја.

„Ајде да почекаме додека не биде формирана нова украинска влада,“ изјави Владимир Путин, еден ден откако премиерот на Украина и владата поднесоа оставка, во обиде да се сопре ширењето на протестите.

Стотина илјади Украинци  протестираат од ноември, поради одлука на претседателчот Виктор Јанукович да не го потпише договорот со ЕУ и да се сврти кон зајакнување на врските со Русија.